Принцот Хари и Меган Маркл за првпат на црвениот килим по големите промени: Војвотката заблеска во долг фустан

Принцот Хари и Меган Маркл за првпат на црвениот килим по големите промени: Војвотката заблеска во долг фустан

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Хари и Меган Маркл заедно се појавија на првиот црвен килим откако се повлекоа како членови на кралското семејство.

Погледите во Њујорк вчера беа вперени во двојката за која многу се зборуваше во последно време.

Меган му се придружи на Хари на  на свечената вечера по повод Денот на ветераните во Музејот „Intrepid“, каде Хари ги додели инаугуративните награди за бестрашната храброст на пет членови на војската, ветерани и нивните семејства. Принцот бил во војска девет години, а за тоа време бил на два фронта во Авганистан.

Меган на свеченоста ги воодушеви сите со црвениот долг фустан, зад кој се потпишува Каролина Херера. Фустанот има длабоко деколте и здолниште со А крој со отвори од страните. Црвениот фустан го искомбинира со интересни чевли, кои исто така беа во црвена боја, но потемна нијанса од превртена кожа. Косата ја имаше соберено во висока, залижана пунџа и со тоа ги истакна цртите на лицето и минималната шминка, по која е позната.


На сево ова ја додаде и дијамантската нараквица која некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: