Принцот Хари конечно ќе оди во Лондон, но без сопругата и синот: Меган ја откачи кралицата?!

Принцот Хари конечно ќе оди во Лондон, но без сопругата и синот: Меган ја откачи кралицата?!

Објавена во: Живот // Живот

Принцот Хари ќе оди во Лондон, но со него нема да патува Меган Маркл, како ни малиот Арчи и тоа само од една причина...

Според потврдите од повеќе различни извори, на почетокот на ова лето, принцот Хари конечно треба да го посети своето семејство во Лондон, и се поизвесно е дека на тоа патување нема да му се придружи неговата сопруга Меган Маркл, како и нивниот мал син, малиот Арчи, кој членовите на семејството на неговиот татко последен пат го видеа кога имаше само шест месеци.

Ако сè се одвива според планот, Хари треба да го види своето семејство ова лето, за првпат откако ја напуштија Велика Британија. Иако плановите не се целосно финализирани, и во голема мера зависат од понатамошниот развој на пандемијата, што подразбира ограничувања во патувањата, се вели дека принцот Хари ќе оди сам во Лондон.

Иако може да се претпостави дека Меган Маркл не сака да го посетува семејството на нејзиниот сопруг од приватни причини, само за дополнително да им наштети, наводната причината за тоа што таа нема да дојде е да не ги засени главните настани .

Двојката се очекуваше на главните настани во јуни, кои вклучуваат „Trooping the Colour“, но исто така и прославата на 100 - от роденден на принцот Филип и 95 - от роденден на кралицата Елизабета Втора, како и откривањето на новата стутуа на принцезата Дајана во палатата Кенсингтон, настан кој е планиран за во јули.

Свесни за тоа дека сето ова може да предизвика вистинска бура во медиумите, што ќе го сврти вниманието од други работи, Меган и Хари сè уште размислуваат дали е потребно таа да биде присутна во Велика Британија.

„Сè е сè уште неизвесно, најмногу заради непредвидливата состојба со коронавируост, но се претпоставува дека војводата ќе оди сам. Тоа е нивна лична одлука, што е многу добра кога ќе ја погледнете целата ситуација“ - рече еден извор, додека друг додаде:

„Нејзиното височество јасно стави до знаење дека Хари и Меган се уште се сакани членови на нејзиното семејство и дека се повеќе од добредојдени на семејни настани. Но, од друга страна, оладената врска помеѓу Хари и одредени членови на семејството, особено со неговиот брат, е нешто што бара многу напор. Никој не сака да се повтори мисата за Комонвелтот.“

Така, изворот всушност се осврна на последното официјално појавување на војводата и војвотката од Сасекс во Вестминстер минатиот март, кога Хари и Вилијам едвај се погледнаа.

Хари, Меган и Арчи го започнаа својот одделен живот од кралското семејство во декември 2019 година, најпрво во Канада, а потоа се преселија во Калифорнија. Оттогаш, членовите на кралското семејство немаа можност да го видат малиот Арчи, кој ќе наполни две години во мај, бидејќи Меган и Хари не го одведоа синот во Велика Британија минатиот март, кога ги извршуваа своите последни официјални кралски задачи.

„Хари сака да биде во Лондон за родендените на кралицата и принцот Филип и се чини дека ќе дојде сам. Тие се свесни дека ако Меган сака да дојде, сето тоа ќе го засени самиот настан. Луѓето би направиле непотребна драма од сè“ - тврди извозот близок до семејството.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: