Принцот Вилијам не може да си верува на очите: Тој или Шарлот?
Додека во кралското семејство се е насочено кон скандалот поврзано со Хари и Меган, принцот Вилијам беш учесник во смешен инцидент за време на посетата во Бредфорд. Имено, во центарот Кидмат, војводите биле пречекани со оригинална торта и мафини со нивните фотографии.
Инцидентот настанал откако на една од фотографиите принцот не можеше да открие кој е на сликата - тој или неговата четиригодишна ќерка Шарлот.
„Тоа јас ли сум? Нели е ова Шарлот?“, извикал тој, гледајќи ја фотографијата.
Кога се увери дека ова е навистина неговата детска слика, тој повторно се воодушеви, па на својот Твитер профил сподели колаж на неговата фотографија како дете и онаа на неговата ќерка.
„Дали сум јас? Дали е тоа Шарлот? О, Боже! Дали тоа сум јас? Изгледа како Шарлот? Тоа е неверојатно.“, напиша шеговито.
Сличноста меѓу кралскиот татко и неговата наследничка е неверојатна, зарем не?