Природната коса на Ким Кардашијан не е ваква: Сега покажа како навистина ѝ изгледа (ВИДЕО)
Сакаш да имаш коса како Ким? Мислиш, како нејзините перики и екстензии?
Ким е позната по тоа дека во 99 отсто од случаите има долга коса, само што ја менува бојата. Ако таа ти е пример и сакаш да имаш коса како нејзината, сега ќе ти ги отвориме очите. Ниту една од тие коси не е нејзината природна коса, туку станува збро за перики и екстензии. Природната коса ѝ изгледа поинаку.
Секогаш ни е многу убава косата на Ким Кардашијан. Долга е, а иако на врвовите изгледа тенко и не е премногу бујна, и понатаму е долга и убава. Изгледа дека тоа е само трик на нејзиниот фризер, со кој прави екстензиите да ѝ изгледаат што поприродно, бидејќи ништо од она што го гледаме не е нејзината природна коса. Норт на својот ТикТок профил открива многу тајни и работи од зад сцената, а ова е само една од оние кои ни го привлекоа вниманието.
Во едно видео од празничниот период се појавува и мама Ким во кежуал вечерно издание со штотуку измиена коса - и без никакви додатоци. Косата ѝ е ретка и тоа е фризурата со која никогаш не објавува фотки на Инстаграм. Во реалноста, кога ќе ги извади сите додатоци, косата ѝ изгледа вака.
<blockquote class="tiktok-embed" cite="https://www.tiktok.com/@kimandnorth/video/7180835728275049774" data-video-id="7180835728275049774" style="max-width: 605px;min-width: 325px;" > <section> <a target="_blank" title="@kimandnorth" href="https://www.tiktok.com/@kimandnorth?refer=embed">@kimandnorth</a> <p></p> <a target="_blank" title=" original sound - ✰ Christmas sounds " href="https://www.tiktok.com/music/original-sound-6752856758521203462?refer=embed"> original sound - Christmas sounds ✰</a> </section> </blockquote> <script async src="https://www.tiktok.com/embed.js"></script>
фото: Принтскрин / Инстаграм