Пристигна доказ дека Северина и Игор се разведуваат: Којиќ фрлил око на оваа нејзина помлада колешка
Кога започна љубовната приказна на брачната двојка Којиќ, нивните профили на социјалните мрежи беа впечатливи и препознатливи по бројните заеднички фотографии и по тоа што на Инстаграм се следеа еден со друг. Сепак, од последната заедничка фотографии помина повеќе од една година, а сега и следбениците им се во малку изменет состав.
Можеби звучи чудно, но така е, од моментот кога Северина го напушти семејниот дом на Којиќна Бежанијска Коса, единствената работа што ја поврзуваа со Игор, беа ретките заедничките фотографии и фактот дека уште се следат на Инстаграм. Бидејќи ниту еден од нив никогаш не зборуваше за развод, последната надеж дека љубовта ќе победи во оваа приказна, беше виртуелниот херој во вид на социјална мрежа.
Сега сепка нешто се промени и како што изгледа и последната надеж згасна.
Имено, Северина и Игор, кои за својот однос молчат веќе повеќе од година, поточно онолку колку што не живеат на иста адреса, повеќе не се следат на Инстаграм, а она што уште повеќе ја изненади јавноста е дека кај следбениците на Игор, Севе беше заменета со многу помлада колешка.
Наместо Северина, Игор сега ја следи Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, млада музичка sвезда во подем. Каква е природата на нивната врска и дали веќе размениле пораки не е познато во јавноста, но судејќи според бројот на луѓе што ги следи Игор, Бресквица сигурно го привлекла неговото внимание. Од друга страна, неговата, сепак сопруга, очигледно веќе не е на врвот на неговите интереси, кога дури и повеќе не ја следи на Инстаграм.