Пристигнува серија за Хари Потер: Објавен е трејлерот, а реакциите на луѓето се брутални (ВИДЕО)

Пристигнува серија за Хари Потер: Објавен е трејлерот, а реакциите на луѓето се брутални (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Снимањето уште не е започнато, а обожавателите веќе ја напаѓаат продукцијата. Дали на овој проект му се заканува неуспех?

На официјалната страница на „HBO Max“ се појави првиот тизер до 30 секунди за претстојната серија за Хари Потер.

Иако најавуваа бегство од филмската адаптација, може да се забележи дека најавата е многу поврзана со изгледот и звукот на филмот. Насловот „Хари Потер“ е напишан со истиот фонт, исто како на филмот, а таму е Хогвортс во потполно истата и стара верзија која што ја знаеме. За тизерот е искористена и тематската песна на филмската франшиза, компонирана од Џон Вилијамс.


Од HBO официјално објавија дека ја нарачале првата телевизиска серија по сценариото на Хари ПОтер и ветуваат дека ќе биде верна адаптација на култните книги на Џ. К. Роулинг.

Секоја сезона од серијата наводно ќе се базира на една од седумте книги на познатата писателка. Актерската екипа и датумот на објавување уште не се познати. И додека сè уште не се знаат многу работи, изгледа дека Роулинг ќе учествува во проектот како еден од извршните продуценти, како што шпекулриаат американските медиуми. 

Најавата за новата серија на HBO не им се допадна на обожавателите на малиот волшебник. Фановите ширум светот го покажаа својот револт на социјалните мрежи.

„Не ни треба уште еден Хари Потер. Тие беа златно трио“ - стои во една објава на Твитер, заедно со фотографиите од старата актерска екипа.


Многумина ја бојкотираат серијата поради ставовите на Ј. К. Роулинг за трансродовите лица, кои американската јавност ги прогласи за штетни за трансродовата заедница.

„Имате луѓе кои се лути на Ј.К.Р., се разбира, но имате и генераци ина луѓе кои тие филмски верзии ги гледаат вистински ликови. Реакцијата на ова нема да биде пријатна“ - стои во коментарот на Твитер.

Неколку генерации пораснаа со познатите филмови за малиот волшебник. Со текот на годините, обожавателите развија голема наклонетост кон Даниел Редклиф како Хари Потер, Ема Вотсон како Хермиона Ганџер и Руперт Гринт како Рон Визи. Очигледно е дека луѓето не можат да замислат и не сакаат да гледаат други актери во овие улоги.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: