Пристигнуваат нови измени во емотиконите: Сите овие во 2021 ќе се појават на твојот мобилен телефон

Пристигнуваат нови измени во емотиконите: Сите овие во 2021 ќе се појават на твојот мобилен телефон

Некои се одлични и сигурно ќе ги користиш, другите можеби нема ни да ги забележиш...

Секоја година се најавуваат нови емотикони кои треба да се појават на нашите мобилни телефони. Но, никогаш не доаѓаат одеднаш, туку дел по дел. За оваа година се најавени некои нови емотикони, но и некои стари кои ќе бидат обновени.

За неколку недели, ќе има ажурирање на системот на мобилните телефони, со кој ќе дојдат и новите емотикони што може да се користат. Некои ќе бидат целосно нови како рането срце или лице во магла, а некои ќе бидат стари, само обновени. Еден таков ќе биде бакнежот, кој сега ќе го има во сите можни комбинации на боја на кожа и пол. Ќе можете да изберете од еден куп опции, кои и онака веројатно нема да ги користите. Дел од емотиконите што ќе бидат редизајнирани се шприцот, од кој досега паѓаше капка крв, а отсега нема да паѓа, а има и слушалки кои ќе дојдат во бела боја, наместо во црна. Исто така, тука е и мажот кој се искачува и кој досега беше без кацига на главата, а отсега ќе има. Безбедноста на прво место!

Освен ранетото срце, ќе ни пристигне и срцето кое гори, емотиконот со човек со брада, глава во облаци и лице кое воздивнува (од олеснување).

Тоа се сите емотикони кои се најавени како нови во оваа година. И не е баш некоја среќа, но некои од нив ќе бидат одлични за користење. Секогаш е супер кога ќе се појават некои нови опции во емотиконите.


Можеби ќе ве интересира: