Проблем кој секогаш може да не изнервира: Како да користите Јујтјуб со исклучен екранот на телефонот
Решението е прилично едноставно и потполно бесплатно...
Еден од најголемите недостатоци на мобилната апликација Јутјуб е тоа што не може да продолжите да слушате музика доколку сте го исклучиле екранот на својот паметен телефон.
Со овој проблем кој предизвикува нервоза се позабави пораталот „Make Use Of“, кој наведе неколку начини на кои може бесплатно да го решите овој проблем.
Отворете го Јутјуб на некој од пребарувачите и пронајдете ја песната и видеото кои ги сакате. Потоа во менито за поседување одберете ја опцијата „Desktop site“, за видеото повторно да ви се вчита во облик како на десктоп компјутер.
Откако на тој начин повторно ќе го пуштите видеото, може да го исклучите екранот и да продолжите да слушате музика.