Проблемот настанал кога се разбудил: По овој случај, ќе размислите двапати пред да заспиете со слушалките во уши
Од САД доаѓа нешто необична, но сепак поучна приказна за
човек кој заспал со слушалки во ушите.
Брадфорд Готје честопати ставал безжични слушалки кога легнувал. Доволно му било само да ја вклучи музиката, да и се препушти и брзо да заспие. Неодамна го исчистил снегот пред куќата, а по завршувањето на работата, решил да си даде малку заслужен одмор.
Како и многу пати претходно, и овој пат ги ставил слушалките во ушите и заспал без никакви проблеми ... Сепак, проблем му се појавил кога се разбудил.
Готје за ABC News објасни дека најпрво чувствувал болка во градите, на што не обраќал премногу внимание, но му било чудно што не може да ја најде едната слушалка. Никогаш не му паднало на памет што може да се случи.
Имено, главниот лик на оваа вистинска приказна неговиот син - ја проголталслушалката. Кога го сфатил тоа, тој брзо отишол во болница, каде што неговите сомневања биле потврдени со рентген снимки. Слушалката се заглавила во неговиот хранопровод, а лекарите биле изненадени што тој немал многу поголеми проблеми.
Brad Gauthier of #Worcester went to bed Mon. night wearing his #airpods, woke up next a-m & one was missing. He went to sip some water & noticed he couldn’t swallow. A trip to e-r revealed he had swallowed the missing ear bud in his sleep. He had emergency surgery to remove it. pic.twitter.com/G0I6dkqJ8U
— Kim Tunnicliffe (@KimWBZ) February 5, 2021
Сè добро завршило, а Готиер реши да ја сподели оваа приказна со јавноста, со цел да ги предупреди луѓето за опасностите што демнат кога спијат со слушалки во ушите.
Фото: Твитер/Shutterstock
Можеби ќе ве интересира:
Запознајте ги Galaxy Buds Pro: Епски звук во секое време