Продадена е за 114.000 долари: Ова е најскапата видеоигра на сите времиња

Продадена е за 114.000 долари: Ова е најскапата видеоигра на сите времиња

Никогаш отворениот примерок од видеоиграта Super Mario Bros од 1985 година, продаден е во петокот на аукција во САД за рекордни 114.000 долари.

Аукциската куќа Heritage Auctions, од Далас во Тексас, изјави дека ова било најскапата продажба на видеоигра која на аукција била во своето оригинално пакување.

Титулата најскапа видеоигра ја презема од неодамна продадената јапонска верзија на видеоиграта Mega Man од 1987 година, која беше продадена за 75.000 долари.

Јапонската компанија Нинтендо во 1985 година ја претстави познатата игра Super Mario Bros за Nintendo Entertainment Sysytem (NES).

Главниот лик Марио започна како мал чичко во пиксели и во бел костум, но од тогаш тој еволуираше во икона 3Д икона, инспирирајќи спака франшиза, која вклучува и ТВ серии и тематски филмови.


Можеби ќе ве интересира: