Продажбата на Huawei WatchGT 2 во Македонија започна со летечки старт
Новата 46мм верзија на WatchGT на Huawei стана достапна и во Северна Македонија и истата се нудисо два дизајни – целосно црн и класичен со кафеав ремен од еко-кожа. Новиот модел е со силно надградени технички карактеристики и одлики на веќе познатите Huawei Watch GT и истиот се продава по исклучително привлечна препорачана цена за крајниот корисник од 13.999 денари. Новата верзија може да се најде во малопродажните ланци на Нептун и Сетек- Сѐ од Техника.
За прв пат во Северна Македонија, Huawei воведе и 42мм женска верзија на Watch GT 2 која може да се најде во исклучително елегантна верзија на „рафинирано злато“ и класична - со еко кожа во топла беж боја.Продажбата на класичната женска верзија ќе започне во декември, по предложена цена од 12.999 денари.
Huawei Watch GT 2 е базиран на првиот специјализиран чипсет на компанијата - Kirin А1. Чипот работи со многу мала потрошувачка на енергија и дава непобедливо траење на батеријата - 2 недели за машкиот и 1 недела за женскиот модел при нормална употреба. Новиот HUAWEI WATCH GT 2 е сигурен партнер во 15 спортови, вклучително и осум на отворено - трчање, одење, качување, планинарење, возење велосипед, пливање на отворено, триатлон и за седум во затворени простории - одење, трчање, возење велосипед, затворено пливање, слободни тренинзи, крос симулатор и машина за веслање. Поддржува сателитски системи GPS и GLONASS, што е гаранција за правилно позиционирање за време на тренингот и правилно мерење на растојанието.
Клучно за паметниот часовник е функцијата HUAWEI TruSeen за точно и ефикасно мерење на срцевата фреквенција. Во комбинација со исклучителниот паметен алгоритам, функцијата го следи отчукувањата на срцето во текот на денот, дури и за време на спиењето и обезбедува вредни предупредувања при откривање на атипични вредности на кои препорачува да се обрне внимание. Часовникот е исто така вреден партнер во следењето на нивото на стрес и квалитетот на спиењето - две работи кои се исклучително важни и за обновување на телото по спорт и напорен работен ден.
Сосема ново за моделот е присуството на вградена меморија за чување и репродукција на музика директно од часовникот, далеку од паметниот телефон. Верзијата од 46мм која е сега е на продажба, има вграден микрофон и звучник и поддржува Bluetooth повик.
И двата модели се со софистициран дизајн на 3D стакло што ги прави и вреден асистент во модерниот животен стил и стилски додаток во различни сценарија - спортски, деловни или при гламурозни забави. Екстремно лесниот механизам за промена на ременот овозможува намена во различни ситуации, при што верзијата од 46мм е исто така компатибилна со претходните отстранливи ремени на часовникот Watch во портокалова и зелена боја.