Професиите како професор или астронаут повеќе не се привлечни: Што сакаат да бидат младите кога ќе пораснат?

Професиите како професор или астронаут повеќе не се привлечни: Што сакаат да бидат младите кога ќе пораснат?

Објавена во: Совети // School zone

Кога имавте 7 години, што сакавте да бидете кога ќе пораснете?

Што би сакал да бидеш кога ќе пораснеш? Сите во детството бевме соочени со ова прашање и ретко кој ја има погодено својата професија, т.е. професија со која навистина еден ден ќе се занимава.

Најновото истражување спроведено на над 3000 деца од Америка, Британија и Кина покажува дека листата на желби е променета. Бидејќи, професијата која е врвот на листата до неодамна не ни постоеше. Технологијата се развива, а со тоа и професииите. Генерацијата З е генерација на оние кои се родени од 1996 до 2011 година, не познава живот без технологија. Како топ професија ја бираат т.е. Влогинг. Некои од нив се уште сакаат да бидат професори, но и професионални спортисти и музичари. Многумина порано сонуваа да бидат астронаути, но оваа професија сега е на последното место.

„Децата се огледало на она што се случува околу нас, па така моментално гледаме дека некои вредности кои се ценат поинаку од вредностите кои се ценети пред околу десетина години“ - вели психологот Свеа Јелиќ - Тушчиќ за РТЛ.хр.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: