Професор кој нема милост - доколку не знаеш паѓаш година: Родителите се жалат
Новата учебна година започна и во гимназијата „Д - р. Мате Ујевиќ Имотски, но таму сè уште се актуелни настанатите од минатата година.
И додека едни ученици учат од нови учебници, некои други, заедно со родителите, со нетрпение пред вратите на гимназијата го очекуваат доаѓањето на инспекциските служби на Агенцијата за образование и воспитување. Во редакцијата Слободна Далмација се јавил родител на еден од учениците кој учи во гимназијата и на кој му предава професорот Анте Трутин.
„Седум ученици од Јазичната гимназија, професорот Анте Трутин гу бутнал и паднале година на поправниот испит по математика. Колку матуранти бутнал не знаеме точно, но и тоа е сигурно голема бројка. Помогнете ни и официјално побарајте податоци од директорот на гиманизијата“ - наведува родителот, во множина, откривајќи дека тој пишува во име на родителите на сите 7 ученици кои се споменуваат во меилот. Во продолжение огорчениот родител поставува и низа прашања насочени кон професорот по математика. Го прашува колку ученици оваа година паднале на поправниот испит, односно колку негови ученици оваа година паднале поради единица по математика, потоа колку ученици бутнал во неговата досегашна кариера. Го прашува и колку ученици изгубиле право на дополнително образување, бидејќи на поправниот ги бутнал два пати, а го прашува и колку матуранти бутнал на поправниот, а колку во една година. Родителот поставува прашање и зошто со години не се реагира на методите и постапките на професорот Трутин, зошто тие ги кршат законите.
Слободна Далмација го контактирала и директорот на училиштето, а тој го изјавил следното: „Можам само да изјавам дека во училиште околу споменатите забелешки на учениците и родителите направивме се што е во границите на законските норми. На поправниот испит имаше комисија составена од професори, според нашиот правилник. Конечно и оцената на вишата советничка за математика, Антонела Мариќ од Агенцијата за обрзование и воспитуваање - Сплит, за време на педагошкиот надзор на самиот поправен испит вели дека нема пропусти во првоодредениот испит, што по мене е најнадлежна“.
Тука е одговорот и на професорот Трутин за целата оваа ситуација: „Сите тие прашања и забелешки не стојат. Прво би напоменал дека родителите или родителот или кој и да ги поставува овие прашање, ниту еднаш не поставил прашање колку освоени награди имале учениците на професорот Трутин во последните 15 години на регионалните и државните натпревари по математика, потоа дека ученикот кој јас го учев беше судија на меѓународната математичка Олимпијада во Америка“ - почнува професорот.
Продолжението е поинтересно: „Напишете слободно дека од тој клас требаше да бутнам уште едно четири до пет ученици. Негативна оценка сепак дадов само на најлошите, кои пропратно и сметаат и на оние ученици кои сакаат да научат нешто“ - образложува Трутин за Слободна Далмација.
Според неговите зборови, сосема е нормално во работата на еден професор да ја извршува својата задача, да ги учи учениците, да ги наградува со позитивни и казнува со негативни оценки. „Тоа е мојот дел од работата и додека ја работам ќе биде така. За мене оваа приказна е завршена, а надлежните институции може да дојдат и да ја проверат целата процедура за поправниот испит“ - завршува професорот.