Професорка се пензионирала по 50 години: Учениците ѝ приредиле емотивно збогување (ВИДЕО)
ТикТокерката Кетрин ги воодушеви сите со емотивното збогување кое на нејзината мајка ѝ го приредиле учениците и вработените во средното училиште во кое работела полни 50 години. Емотивното видео го сподели на ТикТок и со него допре до многумина.
Во видеото се гледа како нејзината мајка се симнува по скалите и преку холот се движи кон излезот, додека учениците гласно ракоплескаат и така ѝ покажуваат благодарност за сѐ на што и научила. Професорката ја совладале емоциите и не можела да ги задржи солзите.
@katherineinmanhattan Wholesome teacher content love you mom!!!! #teachersoftiktok #teacherappreciation #mymom Cornfield Chase - Dorian Marko
Кетрин вели дека нејзината мајка се вработила на 22 години како професорка по англиски јазик. Работела половина век, а видоето е направено еден ден пред да се пензионира.
фото: Принтксрин / ТикТок