Проја по рецептот на баба: Изолацијата ја поттикна 9 - годишната Ведра да влезе во кујна

Проја по рецептот на баба: Изолацијата ја поттикна 9 - годишната Ведра да влезе во кујна

Објавена во: Совети // Семејство

По повод иницијативата на Женски Магазин #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин се приклучи и уште една млада дама, 9 - годишната Ведра Нелковска, која е ученичка во ОУ „Јан Амос Коменски“.

Таа го сподели рецептот од баба за брза проја.

Состојки:

# 3 јајца

# 2 шољи брашно (пченкарно и бело,да преовладува пченкарно)

# 1 шоља јогурт

# половина филџан за кафе зејтин

# прашок за пециво

# 1 мала лажичка сол

# додаток по желба(сирење,урда,праз,блитва,спанаќ) 

# сусам

Начин на подготовка:

Состојките се мешаат во голем сад додека не се добие компактна смеса и на крај додатоците по желба. Се пече на температура од 180 -190 степени половина час до 45 минути се додека горниот слој не ја добие соодветната боја. Наша препорака*да се приготви во комбинација со урда и праз за поголема сочност. 

Наздравје!

Може да ве интересира:

Рецепт за банана леб: Изолацијата ја поттикна 11 - годишната Јована да влезе во кујна

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: