Промовирана стихозбирката „Јас, ти и Скопје“
На 26.12.2018 година, издавачката куќа „Просветно дело“ одржа промоција на стихозбирката „Јас, ти и Скопје“ во Домот на културата „Кочо Рацин“.
Оваа стихозбирка е заеднички проект на „Просветно дело“ и Град Скопје, во кој беа вклучени учениците од средните училишта во Скопје кои имаат афинитет за креативно пишување.
Од циклусот поетски работилници произлегоа оригинални и автентични творби на тринаесет ученици, кои навистина заслужија да се најдат во стихозбирката. Се надеваме дека приредувањето и објавувањето на ваква стихозбирка ќе претставува поттик младите и понатаму посериозно да се занимаваат со пишување.
Координатор на проектот беше Загорка Поп-Антоска Андовска, а предавачи на работилницата беа младите поети: Ирена Јурчева, Филип Клетников и Стефан Марковски.
Изразуваме големо задоволство од постигнатите резултати на проектот, со надеж дека ќе стане традиција.