Прослава, бесен автомобил и стан во Монако: Џани за свадбата на синот потрошил два милиони евра - ова се деталите

Прослава, бесен автомобил и стан во Монако: Џани за свадбата на синот потрошил два милиони евра - ова се деталите

Објавена во: Живот // Живот

Пејачот не ги штедел парите за прославата и подароците...

Милош, синот на Слаѓана и Радиша Трајковиќ Џани, во понелденикот со својата избраничка Нина се заколнаа на вечна љубов пред Бог.

Наводно, за свадбата и подароците за синот и снаата, фолкерот искеширал 2 милиони евра.

Имено, како што пренесуваат медиумите, Џани сакал на син му да му обезбеди удобен живот со сопругата и синот, поради што му купил луксузен автомобил, како и недвижнина, со локација во Монако.

„Џани со децении заработува добро, пее на приватни прослави и е еден од пејачите кои добиваат најдобар бакшиш. Тој не штеди, се труди да ужива во удобен живот и бенефециите кои парите ги овозможуваат, но веќе со години трга пари на страна за да го обезбеди семејство“ - откри изворот за спрските медиуми, а потоа додаде:

„Сега Милош се ожени, доби син и започна нов живот. Џани и Слаѓа се одлучија да им дадат поддршка на него и снаата и да им помогнат на почетокот на самостојниот живот, и како свадбен подарок им купија автомобил и стан“.

„Кога ќе се собере сѐ, станот, автомобилот, свадбената прослава која тој и Слаѓа ја финансираа... Свадбата на Милош чинеше околу 2 милиони евра. Не грижејќи се парите, Џани цело време им даваше бакшиш на пејачите кои беа задолжени за атмосферата, а не изостанаа ни солзите“ - заврши изворот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: