Проверете во кој период од вашиот живот започнува вашата вистинска среќа

Проверете во кој период од вашиот живот започнува вашата вистинска среќа

Во животот на секој човек има период во кој сè врви како низ вода – работа, учење, љубов, пари… Тоа не значи дека и во останатото време нема да биде среќен, но особено во оваа фаза аламите и негативните емоции се сведени на минимум.

Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа.

0-21 година

Овен, Близнаци, Бик

Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат.

Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.

22-40 години

Рак, Лав, Девица

Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите.
Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.

41-53

Вага, Шкорпија, Стрелец

Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите.

Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции.

54 години

Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби

Мудри, често вознемирени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи.

По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како „блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.


Можеби ќе ве интересира: