Прва изјава на Николина Пишек по смртта на сопругот: Тешко ми е...

Прва изјава на Николина Пишек по смртта на сопругот: Тешко ми е...

Објавена во: Живот // Живот

Сопругот на водителката Николина Пишек, Видоје Ристовиќ изненадно почина во саботата.

Неговата изненадна смрт ја шокираше јавноста, а тој само неколку часа пред смртта се чувствувал убаво и со својата ќерка Уна бил во посета на музеј, а фотки од посетата имал споделено и на Инстаграм. Неговата сопруга, познатата водителка Николина Пишек е неутешна, а во дадениот момент била во Загреб, за по стравичните вести да се врати во Белград.

Пишек по смртта на сопруга сега се огласи за првпат:

„Се чувствувам грозно, едвај зборувам. Уште нема обдукција, знам исто колку што и вие околу причината за смртта. Тешко ми е, стигнав во Белград, но моментално не сум во куќата во која живеев порано. Ви благодарам на разбирањето, не би сакала повеќе да коментирам“ - кажа таа за „Република“.

Да потсетиме, Видоје Ристовиќ е српски историчар за уметност и сопруг на хрватската водителка и актерка Николина Пишек. Роден е на 25 јули 1978 година во Белград.

Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014 година, Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: