Прва Македонка која учествува во германското шоу„The Voice“: Радојка од Струмица продолжи во следниот круг
Струмичанката Радојка (Раја) Десподовска е првата Македонка која има учествувано на големото музичко натпреварување во Германија „The voice of Germany“.
Младата Раја, како што таа сака да се пишува под своите кавери, е студент на правниот факултет во Аугсбург, Германија, а во слободно време се занимава со музика и со фотографирање.
„Желбата да се пријавам на „THE VOICE OF GERMANY“ ја имам од многу одамна. Оваа година се пријавив заедно со 10.000 други натпреварувачи и успеав да стигнам до потесниот круг и да застанам на големата бина. Се гордеам што ја претставив Македонија пред милион гледачи и’ им благодарам на сите многу за поддршката.“ – изјави Радојка за порталот Струмица Денес.
Радојка Десподовска се пласираше во следниот круг каде повторно ќе се претстави со својот талент. Браво девојко!
Фото: Youtube/screenshoot
Видео: Youtube