Прва објава на Ана Бекута по смртта на Мркоњиќ: Се прости од него со зборовите на нејзината песна
Пејачката Ана Бекута се обрати преку Инстаграм профил и со
зборовите од нејзината песна се прости од својот сакан Милутин Мркоњиќ кој
почина синоќа на 79-годишна возраст.
Ана објави заедничка фотографија со Мркоњиќ на која се гушкаат, а нему му ги посвети стиховите од нејзината песна „Треба времена“.
„Svaki dan naše ljubavi dva su dana sećanja“, напиша Ана со објавата, а потоа следеа зборови на поддршка за пејачката и изјави за сочувство.
Нејзините колеги, но и многубројните придружници, под објавата и испратија порака со сочувство.
Бекута се огласи вчера, откако го загуби саканиот Мрка со кој беше во емотивна врска повеќе од 9 години.
Мркоњиќ и Ана ја започнаа својата романса на Денот на вљубените во 2012 година.
Фото: Инстаграм-Ана Бекута