Прва онлајн матура во Македонија: Матурантите од штипското медицинско училиште го скршија мразот
Пандемијата и откажувањето на сите големи собири не ги спречи одговорните од штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ да организираат матурска забава за своите матуранти.
Имено, вчеравечер тие имаа live stream на Фејсбук, каде што бенд ги забавуваше овогодинешните матуранти.
„Вие останувате дома, со што покажувате врвна одговорност и зрелост , а токму тие особини се повод за свечено одбележување на нивното стекнување. Тоа е доказ дека вие сте општествени чинители чија мудрост и пожртвуваност го прави ова општсетво подобро. Ние се гордееме со вас, затоа што израснавте во возрасни и одговорни луѓе кои се за пример. Токму тоа е повод за прослава која вие на некој начин и ја добивате согласно условите и препораките.“ - истакна директорката на училиштето Емилија Рамабабова.
Во продолжение погледнете како изгледаше нивната забава: