Првата девојка што Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс: Пристигнаа на Вимблдон заедно во многу елегантно издание
Том Круз (59), пристигна на Вимблдон во друштво на својата партнерка Хејли Атвел, со која игра во последниот дел од филмската франшиза „Невозможна мисија“.
Хејли, дваесет години помлада, е првата девојка што Круз ѝ ја претстави на јавноста по разводот со Кејти Холмс во 2012 година. Двајцата играат заедно во реализацијата на „Невозможна мисија 7“ и оттогаш тие се постојана мета на папараците и медиумите, а како што беше напишано, тие се неразделни од првиот ден на снимањето и се заљубиле на прв поглед.
Атвел и Круз пристигнаа на Вимблдон заедно во многу елегантно издание. Додека Том носеше сино одело, Хејли пристигна во фустан со цветен принт, над кој носеше бело палто, носеше црвени салонки и носеше очила за сонце, како и нејзиниот славен партнер.
Вака изгледаа:
фотографии:PROFIMEDIA