Првата фотографија од Цеца и нејзиното момче ја објавил нивен пријател: Заедно се забавувале на Јахорина

Првата фотографија од Цеца и нејзиното момче ја објавил нивен пријател: Заедно се забавувале на Јахорина

Објавена во: Живот // Живот

Објавена е на Инстаграм и покажува дека на зимување биле заедно...

Вчера како бомба одекна веста дека пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ, а јавноста не престанува да се интересира за деталите на оваа љубовна приказна.

Иако тоа вешто го сокриваше скоро полни два месеци, првата фотографија од Цеца и нејзиниот нов избраник е објавена неодамна, кога тие двајца заедно уживале на Јахорина. Имено, фолк ѕвездата по новогодишните празници заедно со Богдан отпатувала на споменатата планина, каде што уживале неколку дена.

Фотографијата ја објавил добар пријател на Богдан, а во тој момент двојката се забавувала повеќе од еден месец. Тие по ручекот во еден ресторан среќно позираат, а Цеца го има прегрнао Богдан, додека тој ја држи за рака.

Може да ве интересира:

Момчето на Цеца Ражнатовиќ е угостител, помлад е од неа 8 години, а неговата поранешна е во врска со познaт пејач

Први снимки од Цеца и новото момче: Богдан како џентлмен ѝ отвори врата, падна и бакнеж

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: