Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новиот паметен часовник комбинира детални здравствени увиди и поврзано искуство на Samsung Galaxy со елегантен дизајн...

Samsung го претстави Galaxy Watch FE[1], додаток на линијата паметни часовници на Samsung, со цел да го прошири напредното и сеопфатно искуство за следење на здравјето на уште повеќе корисници. Новиот часовник вклучува подобрени перформанси и напредни функции за следење на здравјето во стилски и робустен дизајн.

„Наша желба е да обезбедиме следење на здравјето и физичката кондиција на што е можно повеќе луѓе ширум светот, да им помогнеме да ги направат промените што им се потребни за секојдневно подобрување на своето здравје и да ги поддржиме во остварувањето на нивните цели“, рече Џунхо Парк (Junho Park), потпретседател и лидер на тимот за планирање на производи на Galaxy Ecosystem, во одделот Mobile eXperience на Samsung Electronics. „Возбудени сме што ќе го додадеме новиот Galaxy Watch FE во нашето портфолио на носиви уреди, нудејќи им на повеќе луѓе пристап до персонализирани здравствени увиди кои ќе ги поттикнуваат и мотивираат да бидат поздрави, и дење и ноќе.

Стил и издржливост штопоттикнуваат добро чувство секој ден

Galaxy Watch FE, достапен во големина од 40 mm, нуди свеж изглед заснован на иконскиот дизајн на серијата Galaxy Watch. Достапен е во три бои, црна, розово-златна и сребрена, со нови ремчиња[2] со јасни сини и портокалови шевови, кои го истакнуваат едноставниот и модерен дизајн на уредот што го надополнува секој изглед. Покрај тоа, Galaxy Watch FE нуди и разновидни нови форми на бројчаник, овозможувајќи им на корисниците да го приспособат својот часовник, додека ремчето со копче „на клик“, исто така, ја олеснува размената, за да го искомбинирааат и усогласат секој детал со нивниот стил. Galaxy Watch FE има стакло од сафирен кристал, кое нуди супериорна издржливост и обезбедува заштита од гребнатини при секојдневно носење.

Мотивира и го прави секој ден поздрав

Опремен со напреден Samsung BioActive сензор, Galaxy Watch FE обезбедува низа моќни функции за фитнес и велнес, кои обезбедуваат персонализирани и корисни совети за корисниците, 24 часа на ден. За да се поддржи подобар сон за добар почеток на секој ден, Galaxy Watch FE нуди различни напредни функции,од следење на обрасците на спиење[3], до совети како да спиете подобро[4] и да создадете средина погодна за мирен сон.[5]

Корисниците можат да следат повеќе од 100 различни вежби, заедно со својот напредок, непосредно од нивниот зглоб. Напредната анализа на трчање ќе им помогне на тркачите не само да ги анализираат своите вкупни перформанси за максимална ефикасност, туку и да добијат увид и упатства за превенција од повреди, за да можат непречено да се движат кон своите цели. За најдобро искуство со трчањето, Персонализираната зона на срцевите отчукувања[6] им помага на корисниците да си постават свои цели, врз основа на нивните физички способности.

Galaxy Watch FE ги мотивира и им помага на корисниците да ги постигнат своите здравствени цели. Функцијата Состав на телото[7] обезбедува сеопфатни податоци за телото и физичката кондиција, како индикатори за следење на напредокот. Покрај тоа, корисниците можат да добиваат дневни мотивациски пораки за да продолжат да работат на себе.


Искуства засилени со екосистемот наGalaxy[8]

Како и со секоја серија на Galaxy Watch, Watch FE нуди беспрекорно поврзано искуство помеѓу уредите на Samsung Galaxy. Корисниците можат брзо и лесно да го најдат својот телефон кога не е споен со часовникот, користејќи ја апликацијата Find My Phone[9]. Тие, исто така, можат далечински да ја контролираат камерата на поврзаниот паметен телефон Samsung, на пр., да го променат режимот на работа со помош на функцијата Camera Controller[10] или да изберат друг агол или зум на камерата, директно од зглобот.

Достапност[11]

Galaxy Watch FE ќе биде достапен на македонскиот пазар на почетокот на јули. Повеќе информации за Galaxy Watch FE се достапни на www.samsung.com/mk.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка.

Galaxy Watch FE

Материјал и бои[12]

Алуминиумско куќиште

Црна, розово-златна, сребрена

Димензии[13] и маса[14]

39.3 x 40.4 x 9.8 mm / 26.6 g

Екран

1.2-инчи, 396x396, Super AMOLED, Full Color Always On Display

Процесор

Exynos W920 Dual Core 1.18 GHz

Меморија и систем за складирање

1.5 GB меморија + 16 GB за складирање

Батерија[15] (вообичаена)

247 mAh

WPC безжично полнење

Оперативен систем[16]

Wear OS Овозможено од Samsung

Кориснички интерфејс

One UI 5 Watch

Сензори

Биоактивен сензор Samsung (оптичка анализа на срцевите отчукувања + електрична анализа на срцето + биоелектрична импеданса), акцелерометар, барометар, жироскопски сензор, геомагнетен сензор, светлосен сензор

Поврзаност

LTE[17], Bluetooth 5.3, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n 2.4+5 GHz, NFC, GPS/Glonass/Beidou/Galileo

Издржливост

5 ATM + IP68[18] / MIL-STD-810H

Компатибилност

Android 11.0 или понова верзија и со повеќе од 1,5 GB меморија[19]


[1] Достапноста може да варира во зависност од пазарот, моделот и споениот паметен телефон. Сите функции, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени овде, вклучително, но не ограничувајќи се на придобивките од производот, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производите се предмет на промена без претходна најава.

[2] Се продава одделно. Достапноста на ремчињата за часовниците може да варира во зависност од пазарот или операторот.

[3] Функциите за спиење се наменети само за општи велнес и фитнес цели. Мерењата се само за ваша лична референца. Консултирајте се со медицинско лице за совет.

[4] Потребни се податоци за спиење во тек од најмалку седум дена, вклучувајќи два дена за одмор.

[5] Достапно на паметни уреди кои се регистрирани на SmartThings. Потребна е најновата верзија на мобилните апликации Samsung Clock и SmartThings.

[6] За да се ажурира опсегот на секоја HR зона за трчање врз основа на кардиопулмоналниот капацитет, потребно е да се трча на отворено повеќе од 10 минути со константна брзина од 4 km/h или поголема.

[7]Функцијата Состав на телото не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или други вградени медицински помагала или ако сте бремени. Резултатите од мерењето може да не се точни ако сте помлади од 20 години. Наменета е само за општа благосостојба и фитнес цели.

[8] Достапноста на одредени апликации/функции може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред.

[9] Функцијата бара часовникот на корисникот да се спои со телефонот и да се најави на истата сметка на Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и поврзаниот уред.

[10]Функцијата Camera Controller е поддржана на Galaxy Watch4 и на подоцна објавените модели на Galaxy Watch кога е поврзан со серијата Galaxy S9 и подоцнежните верзии. Функцијата за зумирање на Camera Controller е достапна кај серијата Samsung Galaxy Watch4 и подоцнежните модели на Galaxy Watch кои се споени со сериите Galaxy S, серијата Galaxy Note и паметните телефони од серијата Galaxy Z што работат со One UI 5.1 или понова верзија со поддршка за Camera Controller.

[11] Достапноста може да варира во зависност од пазарот или операторот. Поддржаните модели, бои, големини и ремчиња може да се разликуваат во зависност од пазарот или операторот.

[12] Достапноста на бои може да варира од пазар до пазар.

[13] Мерено без сензор за здравје.

[14] Измерено без ремчиња.

[15] Вистинскиот рок на траење на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори.

[16] Wear OS Powered by Samsung работи со телефони со најновата верзија на Android (со исклучок на изданието Go и телефоните без Google Play Store). Поддржаните функции може да варираат од платформа до пазар, а компатибилноста е предмет на промени.

[17] LTE поврзувањето е достапно само на LTE моделите.

[18] Galaxy Watch FE е водоотпорен на длабочина од 50 метри 10 минути според рејтингот 5 ATM. Не е погоден за нуркање или водени активности под висок притисок. Ако уредот или вашите раце се влажни, тие треба добро да се исушат пред ракување. Galaxy Watch FE обезбедува заштита (IP68) од навлегување на прашина и слатка вода на длабочина до максимум 1,5 метри, 30 минути. За дополнителни информации, вклучително и упатства за грижа/употреба, ве молиме погледнете го упатството за употреба.

[19] Активирањето на уредот е достапно само откако ќе се поврзете со паметен телефон што поддржува Google MobileServices. Компатибилните уреди може да се разликуваат во зависност од пазарот, операторот или брендот на уредот.

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: