Првиот хонорар го заработив на 14 години со улога во „Фамилијата Марковски“: Амбициозниот модел Игор Гошев за Хаштаг

Првиот хонорар го заработив на 14 години со улога во „Фамилијата Марковски“: Амбициозниот модел Игор Гошев за Хаштаг

Сигурни сме дека сте го забележале на Инстаграм, во некоја ТВ реклама или... серија можеби?!
И уште посигурни, дека за неговото име допрва ќе слушаме.

Игор Гошев има 18 години и е четврта година во училиштето „Јосип Броз Тито“ Скопје, ПМА смер.

Цел живот, како што вели тој, игра кошарка и сакал да се занимава и професионално, но, поради повредата што ја имал, за жал, бил спречен да продолжи во таа насока. 

Тогаш всушност се отвара и една нова врата за Игор, и тоа вратата од популарната серија „Фамилија Марковски“, каде Игор се појавува како статист и за прв пат се впушта во актерските води.

-Една година пред повредата, добив улога како статист во серијата „Фамилијата Марковски“ и многу ми се допадна, од тогаш всушност и сестра ми почна да ми кажува да почнам да се занимавам со актерство и моделинг - таа е причината поради која јас сум модел денеска.

фото: од архивата на Игор

Кога бил ангажиран за улога во серијата, Игор имал само 14 години.

-Тоа ми беше прв ангажман, а тоа што добив хронорар ми беше многу кул, со тоа што можев да си купам нешто знаејќи дека јас сум си ги заработил тие пари, скромно вели Игор.

Четри години подоцна, може да се пофали со бројни проекти и реклами во кои се појавува како модел.

фото: од архивата на Игор за А1 реклама

Сигурно го имате забележано во некоја рекламите на А1, Чоко стоби флипс, Tango plus, Златен даб, cyber bullying, како и еколошки реклами. 

Досега имал и еден photoshoot, и тоа за брендот Bitsiani. 

фото: од архивата  на Игор


Игор ни објасни и подетално како изгледа целата постапка за аудиции за реклами и филмови/серии.

Тој е член на агенцијата Models in, и од таму му наоѓаат работа, односно си има свое портфолио кое се праќа на режисерот и доколу му се допаѓа, Игор оди на аудиција, но постои и опција за целосна аудиција исто преку Models in, каде тој кратко се претставува, го фотографираат од профил, полупрофил, и од после ако е избран за рекламата му се јавуваат каде, кога и на кое место се снима таа.


За аудиција за филм е по различно, ни објаснува Игор, бидејќи се оди на неколку аудиции, има повеќе кругови, и доколку поминеш до крај може да добиеш главна/споредна улога, па може да те повикаат и како статист, вели тој.

Кога станува збор пак за реакции од другари и дали можеби забележува љубомора од други кога го гледаат на телевизија, во реклами и слично, Игор вели дека во глобала нема љубомора, барем не од неговите најблиски пријатели, а од други ако има „не сум некој што многу им обрнува внимание“, искрен е тој.

Ни призна дека најголемата поддршка ја добива од неговата девојка, неговата фамилија и најблиските пријатели, „не можам едни да ставам пред други“, вели Игор.

Иако престанал да тренира поради повредата, Игор се уште редовно игра баскет. 
Кошарката ја смета за голем дел од него
. Сепак била неговата професија од соништата.
Но сега има и други приоритети: 


-Како се менува времето така и јас се менувам, така што моментално сакам во иднина да продолжам да се занимавам со моделинг и актерство, при што ќе се запишам на факултет ФИНКИ, па понатаму во животот би сакал да бидам и програмер.

За крај го прашавме кој хаштаг најчесто го користи.

-Не користам хаштагови многу, но омилено мото односно хаштаг ми е #whynot


*Љ.И

Можеби ќе ве интересира: