Првиот син на Лејла, е и мој прв син: Тарик Филиповиќ и неговата прекрасна сопруга му го честитаа 19-тиот роденден на синот
Синот на познатиот водител на квизови, го прослави својот 19-ти роденден, а гордиот татко Тарик разнежни со пораката што му ја испрати. Тој сподели фотографија од него и неговиот син, на која наздравуваат.
Водителот Тарик Филиповиќ објавата му ја посвети на неговиот син Дино, кој наполни 19 години. Тој му посака среќен роденден, но и матура и ги разнежни следбениците со зборовите што му ги упати.
„Наздравуваме за 19-от.... И за крајот на средното училиште... и почетокот на едно ново животно поглавје... и некоја следна ти биде посреќна... поздрава... Среќно Дино мој“ - напиша водителот покрај фотографијата.
Кон честитките се придружи и неговата сопруга, победничката на изборот за Мис на Хрватска во 1998 година, убавата Лејла Филиповиќ, која сподели видео со фотографии од детството на Дино.
„Среќен 19-ти роденден сине мој“ - напиша покрај видеото гордата мајка.
Нивниот помал син Арман, има 14 години и е пет години помал од неговиот полубрат Дино - синот на Лејла од првиот брак.
„Првиот син на Лејла, Дино, е и мој прв син“ - секогаш вели Тарик кога го прашуваат во интервјуа за децата и Лејла.
Поранешната Мис на Хрватска и еден од најуспешни актери и водители се запознаа во средината на 2006-та година и оттогаш се неразделни, а се венчаа една година подоцна на новогодишната ноќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм