Прво дајте му вакцина на Дедо Мраз: Писмото на до Фајзер на 6 - годишното момче кое го заобиколи светот
Шестгодишно момче од Ирска, Калум Торнхил, откако слушна дека компанијата Фајзер произведува вакцина против коронавирус, напиша писмо до компанијата каде објасни дека Дедо Мраз мора да биде приоритет, кога е вакцинирањето во прашање.
Неговата мајка, Пола Линехан, рече дека нејзиниот син слушнал за вакцината на радио на почетокот на ноември, додека се возеле со автомобил на пат кон училиште. Кога се вратил од училиште тој ден, тој напишал писмо со честитки за Фајзер за ова достигнување.
„Почитуван Фајзер, слушнав дека направивте нова вакцина за коронавирус. Честитки“ - го започнало своето писмо 6 - годишниот Торнхил.
По воведниот дел, момчето преминало на конкретните барања.
„Може ли да испратите вакцини на Северниот пол за Дедо Мраз и неговите џуџиња? Ве молам, сакаме да го спасиме Божиќ и да ги израдуваме сите деца“ - напиша момчето.
Неколку недели подоцна, Калум доби одговор од извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, кој бел воодушевен од желбите на момчето.
„Ваквите писма ни даваат надеж и нè потсетуваат зошто работата што ја работиме секој ден е толку важна“ - посочи г-дин Бурла.
Потоа, на Калум му напишал и одговор.
„Сакам да знаете дека правиме сѐ што можеме за да им помогнеме на луѓето ширум светот. Секако, ќе се погрижиме и за Дедо Мраз и неговите џуџиња“ - одговори Бурла.
Европската унија минатиот понеделник ја одобри вакцината Pfizer-BioNTech, а земјите - членки очекуваат следните недели да ги добијат првите серии вакцини.