Прво па машко: Антониа Гиговска и Џокер со преслатка фотосесија го открија полот на бебето (ФОТО)
Пејачката и откривањето на полот на бебето го изведе на уникатен начин...
Антониа Гиговска заедно со сопругот Роберт Спасенцовски, во јавноста попознат како Џокер открија дека очекуваат син.
Двојката со неколку фотографии направени во природа и неколку бодиња за бебето во знакот на сината боја открија дека наскоро ќе добијат син.
„Нашиот сладок капитен е на пат, едвај чекаме да те запознаеме“ напиша идната мајка покрај фотографиите кои ги сподели на Инстаграм.
Инаку пред десетина дена, Антониа и Роберт го кажаа судбоносното „ДА“, во кругот на најблиското семејство и пријатели. На венчавката пејачката изгледаше заносно во бела венчаница кое ја следеше линијата на нејзиното тело, а Роберт носеше косим во кафена боја.
фото: Принтскрин / Инстаграм