Првпат по 10 години: Википедија ги презентираше своите новитети
Промените ќе се воведуваат постепено, во подолг временски период, за на корисниците да се остави можност да ги испробаат сите нови опции...
Википедија, слободната интернет енциклопедија, скоро полни 20 години претставува составен дел од интернет културата, овозможувајќи им на следбениците да читаат милиони текстови полни со податоци.
Десктоп изданието на популарната енциклопедија наскоро, по првпат по 10 години би требало да добие нов дизајн. Причината за тоа е, како што наведуваат од Википедија, прилагодување на нови корисници, пишува The Verge.
Сите предлози за новиот дизајн може да се видат во објавата на MediaWiki, каде има неколку ГИФ демонстрации за тоа како би требало новиот дизајн да „работи“.
Додатокот кој се воочува од прва е менито кое се отвора во горниот десен агол и кој е додаден за на корисниците да им ја олесни концентрацијата на текстот. Левиот дел од страницата исто така доби мени за промена на јазикот.
Измени доживеа и пребарувањето, за на корисниците да им се олесни снаоѓањето на новите страници, додека логото доби малку помали димензии.
Како што соопшти Wikimedia Foundation, промените ќе се воведуваат постепено, во подолг временски период, за на корисниците да им се остави можност да ги испробаат новите опции, пред што официјално да станат интегрирани во финалната верзија на редизајнот.
Комплетниот редизајн на целата Википедија ќе биде завршен пред крајот на 2021 година.