Работи кои ги правиме секој ден, а не сме ни свесни колку се лоши: Овие 8 треба да престанеш да ги правиш
Ги правиш ли и ти овие грешки секој ден?
Некои работи кои ги правиме секој ден може да бидат штетни за нас, затоа што ги правиме или користиме во претерана количина. Многумина ќе се пронајдат, за токму поради тоа би требало да престанете со тие навики кои се штетни за вашето здравје.
# Секојдневно користење пилинг за лице
Пилингот за лице е одличен за сјајна и мазна кожа, но тој не би требало да се прави повеќе од еднаш неделно, а особено не секој ден. Пилинзите се направени од груби состојки и со секојдневното користење можеш да си направиш повеќе штета отколку корист.
# Миење на заби повеќе од 3 пати на ден
Оние кои ги мијат забите по секој оброк треба веднаш да престанат со тоа. Знаеме дека постојат многу луѓе на кои им пречи храната и секогаш сакаат да имаат беспрекорно чисти заби, но ниту честото миење на забите не е здраво, бидејќи со честката и пастата за заби ја оштетувате глеѓта на забите.
# Предолго сончање
Пред ова лето да одлучиш со часови да лежиш на плажа за да добиеш потемен тен, размисли два пати. Сончањето е во ред, но во одредени дози и задолжително со многу креми за сончање, кои содржат висок заштитен фактор. Инаку, можеш да добиеш силни изгореници од сонцето, а таквото оштетување на кожата може да предизвика рак.
# Често користење на гел за дезинфекција
Поради пандемијата на коронавирус многумина станаа зависни за сопствената хигиена и чистота. И тоа е потполно во ред, сѐ додека тие средства се конзумираат во нормални количини. Но, како што пишува „Bright Side“, со честото користење на гелот за дезинфекција на раце, и другите средства со алкохол, можеш да предизвикаш твојата кожа забележливо да се исуши, а постои можност и да станеш отпорен на некои видови антибиотици поради количината алкохол во тие средства.
# Често спиење на една перница
Сите имаме една перница која ја обожаваме и секогаш спиеме на неа. Но, промената на навлаката на таа перница некогаш не е доволна, особено кога на неа спиеме секоја вечер. Оваа перница би требало често да се пере, поради грните кои со текот на време се собираат во неа, а кои предизвикуваат алергии.
# Често користење на дезодоранс или ролон
Дезодорансите и ролоните може да ги затворат порите кои ги имаме под пазувите. Не е најдобро да се користат веднаш по тушираше на измиена кожа, но со нив не би требало да се прскате секогаш кога ќе почувствувате пот. Не само што ќе ги затворите порите, туку и може да предизвикаат иритација во облик на црвенило и осип под пазувите.
# Чување на сметки од продавници
Сите сметки од било кои продавници содржат отровни хемикалии на таа хартија на која се печатат. Некогаш забораваме да ги фрлиме во ѓубре, но тоа би требало да се прави поради тие отровни хемикалии кои знаат да бидат штетни.
# Чистењето на домот или собите по неколку пати на ден
Сите сакаме да имаме чиста и миризлива куќа или соба без прашина и други нечистотии. Некои ја чистат секој ден што исто така не е добро, особено доколку се користат посебни средства за чистење. Тие средства се шират во воздухот и може да бидат изразено опасни за нашето здравје, затоа треба да се користат во ограничени количини и никако секој ден.
фото: unsplash.com