Работи кои инфлуенсерките нема да ги откријат: 10 тајни кои се кријат зад нивните објави и за тоа како им изгледа животот

Работи кои инфлуенсерките нема да ги откријат: 10 тајни кои се кријат зад нивните објави и за тоа како им изгледа животот

Објавена во: Мода // Moj стил

Ништо не е онака како што изгледа...

Пред да помислиш дека животот на инфлуенсерите е совршен и дека сакаш и ти да го имаш, не е лошо да дознаеш што од тоа е вистина и како им изгледа животот кога ќе се исклучат камерите.

Откако „инфлуенсерството“ стана професија, сите сакаат да бидат инфлуенсери, а не се ниту свесни за тоа како им изгледа животот на оние кои го работат ова. Популарните девојки на социјалните мрежи секогаш ќе ни ги покажуваат само позитивните и убавите страни од својот живот. Оние лошите работи кои доаѓаат со оваа професија скоро никој не ги открива. Ако некогаш си размислувала за тоа дека и ти сакаш да станеш инфлуенсерка, можеби би требало прво да ја видиш другата страна, оние лошите работи кои доаѓаат со оваа работа и како всушност изгледа оној дел од инфлуенсерството кој ние како следбеници не го гледаме. Секако, сите овие работи не важат за секој инфлуенсер, но со текот на годините, многумина почнаа да ја откриваат и онаа другата страна која инаку не ја гледаме. Во продолежние, погледнете ги сите тајни:

# Не е доволно само да се фотографираш, треба да знаеш и како да склопуваш договори со брендовите и како да комуницираш со нив.

# Фотографиите кои изгледаат како да се спонтано направени, всушност успеале од 100-от обид.

# Многу луѓе нема да те сфатат сериозно.

# Некогаш се потребни неколку години константна работа за да се стане инфлуенсер - тоа не доаѓа преку ноќ.

# Ќе потрошите многу часови во барање на совршени локации за фотките.

# Луѓето ќе те „хејтаат“ многу повеќе отколку што очеквуаш - поголемиот број на такви коментари, инфлуенсерите ги кријат, па затоа и не ги гледаш.

# Престануваат да се дружат со пријателите, како што се дружеле претходно.

# Колку повеќе пријатели, толку е потешко да се дознае кој е вистински пријател, а кој само искористува.

# Облеката за фотографиите и видеата ја враќаат откако ќе ја покажат на социјалните мрежи - етикетите успешно ја сокриваат.

# Мобилниот телефон постојано ќе биде дел од твоите раце, бидејќи постојано ќе треба нешто да фотографираш или да се јавиш на некој.

фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: