Рада Манојловиќ во страв го напушти Белград: Се раздели од Харис, а причината е следна

Рада Манојловиќ во страв го напушти Белград: Се раздели од Харис, а причината е следна

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Рада Манојловиќ е уплашена поради моменталната ситуација со коронавирус, па отпатува во родниот Четерез, за да биде на сигурно и за да може да го контролира татко ѝ да не се зарази, кој е во ризични години.

Како што пишува „Стар“, пејачката толку се плаши од вирусот што на татко ѝ и маќеата им забранила да излегуваат од дома.

„Рада навистина се уплаши од новиот бран корона, кој е најжесток. Затоа побегна од Белград, каде бројот на заразени веќе со денови не се намалува. На село живее со татко ѝ, сестра ѝ Маја, маќеата и баба ѝ, па гледа да ги заштити сите. Дури забранила и соседите да им доаѓаат во посета, а по продукти одат таа и сестра ѝ. Носи маска, визир и ракавици. Нејзиниот татко се побунил, на човекот му е здодевно да седи дома, но Рада не сака да попушти, бидејќи стравува за неговиот живот. Дури и на Харис му кажала да остане во Босна и да не оди никаде додека ситуацијата не се смири, па нема да се гледаат наредните недели“ - кажа изворот за споменатиот медиум.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: