Раперот се иселил од вилата: Ким и Канје го прекинале секој контакт
Се чини дека Ким
Кардашијан дефинитивно се откажа од бракот со Канје Вест. Имено, ѕвездата на
реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ беше видена без венчален прстен, а Денот
на вљубените имаla намера да го прослави без раперот.
Ким наводно ги прекинала скоро сите контакти со Канје, а Денот на вљубените ќе i биде целосно посветен на децата - ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.
„Таа е одлична. Го организира одбележувањето на Денот на вљубените со децата и семејство. Таа нема контакт со Канје. Очигледно е дека во овој момент Ким е фокусирана исклучиво на својата иднина“, откри извор близок на поранешните сопружници, а објави „Дејли меил“.
И додека членот на кланот Кардашијан очигледно продолжи понатаму, Вест е наводно огорчен затоа што за нивниот развод ќе се зборува во реалити шоуто. Последната епизода од „Keeping Up with the Kardashians“ ќе се емитува на 18 март, а Ким ќе се осврне и на бројните проблеми што ги имала во бракот, па затоа Канје не е воопшто ентузијаст.
„Ким беше на индивидуално советување и се смири со сите промени што и ги донесе животот. Таа има свои приоритети, а нејзината деловна империја е една од нив. Таа се обиде да ја реши расправијата со Канје преку брачна терапија, но тие едноставно „веќе не се на иста страница“ “, тврдат пријателите.
Се шпекулира дека старлетата веќе ангажирала адвокатка за развод од висок профил, Лора Вајзер, со цел што побрзо ставање крај на бракот, а лутиот Вест неодамна од нивната заедничка вила во Лос Анџелес однел 500 пара патики.
Да потсетиме, парот се венча во 2014 година во Фиренца. Ким претходно беше во брак со музичкиот продуцент Дејмон Томас и кошаркарот Крис Хамфрис, а Канје претходно не беше во брак.
Фото: EPA