Расплетувањето плетенки е потешко отколку што мислиш. На оваа девојка ѝ бил потребен еден ден (ВИДЕО)
Но, без оглед на тие компликации, многу се убави...
Моментално афро плетенките се многу популарни, а девојките сè почесто заминуваат во салони за убавина каде им ги плетат. Но, тие не се толку едноставни за да се расплетат, особено кога со месеци ги носите на глава.
Афро плетенките изгледаат многу убаво во сите бои во кои се достапни. Иако најчесто се во боја на природната коса, девојките знаат да ги испробаат и они луди бои, како розова, зелена, црвена и сина. Единствен проблем со нив е тоа што тешко се расплетуваат, а времето за тоа кога тогаш ќе дојде.
@janicjana savjetujem da ovo ne radite sami kod kuce #afropletenice #afrobraids #fyp #foryou #hrvatska original sound - janajanic
Целата постапка на расплетување на плетенките ја покажа оваа деовјки со часови се мачела, но и со миењето на косата следниот ден. Прво почнала да го сече делот од плетенките од каде што е нејзината коса, а потоа почнала да расплетува. Во тој момент се појавила мајка ѝ, а како што вели, косата ја расплетувала од два попладне до 23:30 часот вечерта.
Тоа не е единствениот проблем со кој ќе се соочиш кога ќе ги расплетеш афро плетенките, бидејќи на оваа девојка ѝ се случило уште нешто - не го симнала гелот од косата пред миење, односно лепилото со кое овие екстензии биле залепени за нејзината коса, па на косата ѝ се направиле дополнителни чворови, токму затоа што косата ѝ била мокра, а гелот не го отстранила на време.
Тие чворови не изгледаат убаво, а сигурни сме дека не ѝ било убаво ни на неа додека морала да ги расплетува. Како што наведува, потребен ѝ бил уште еден цел ден за да успее да ги отплете тие чворови од косата, а притоа ѝ паднал дел и од нејзината коса. Но, без оглед на тоа, во видеото вели дека би сакала да си направи повторно, без разлика на сите лоши работи кои ѝ се случиле во текот на расплетувањето.
фото: Принтскрин / ТикТок