Раста ја отслужува казната, но не се разделува од ќерката: Сега вака изгледа неговата наследничка што ја доби со Ана Николиќ
Од ден на ден сè повеќе расте и се менува, а едно нешто има наследено од мајка ѝ...
Стефан Ѓуриќ Раста пред неколку месеци почна да ја отслужува казната домашен притвор, но и покрај тоа, тој има право да работи и да излегува надвор на еден час, секогаш во исто време. Раперот ова очигледно го користи за да помине квалитетно време со својата наследничка Тара, која е центарот на неговиот свет.
Раста, Тара ја доби со пејачката Ана Николиќ, а иако нивната романса не потраја, тие двајца и понатаму заедно водат сметка за ќерката. Тие се грижата да не ѝ недостасува ништо и да се не се чувствува како родителите да ѝ се разделени, а секогаш се присутни и забавните активности.
Така, Раста со својата ќерка беше во игротека, каде како што покажа на својот Инстаграм профил, лудо се забавувале. Тие играле разни игри, а кога дошло времето да си одат дома, не ја прекинале забавата.
Имено, раперот покажа дека неговата наследничка ужива да поминува време во кујната и да помага при приготвувањето на храната. Она што е забележливо кај неа е дека од мајка ѝ Ана ја има наследено убавата, долга кафена коса.
Да потсетиме, Тара неодамна тргна во градинка, момент што нејзината мајка го покажа на социјалните мрежи, а тоа за сите нив беше голем и важен ден.