Раста призна дека нелегално поседувал половина килограм дрога: Казна 1 година затвор, ама дома

Раста призна дека нелегално поседувал половина килограм дрога: Казна 1 година затвор, ама дома

Објавена во: Живот // Живот

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста помина скоро четири месеци во Окружниот затвор во Белград, откако бил уапсен во октомври минатата година поради поседувае на дрога и наркотични сретства.

Сега тој е осуден на 12 месеци домашен притвор, врз основа на договор за признавање на вина, јавуваат локалните медиуми.

На рочиште пред Првиот основен суд во Белград, на кое јавноста била исклучена, судијата им изрекол казни на Ѓуриќ и Лука Б., откако тие се согласиле со обвинителот.

Според договорот што го склучил со Вишото јавно обвинителство во Белград, Раста признал нелегално поседување на повеќе од половина килограм сканк за лична употреба за една година домашен притвор, а Лука Б. за нелегално поседување 90 грама кокаин за личен употреба за една година казна во затвор.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: