Разделби на познатите кои се случија оваа година: 7 двојки кои беа „couple goals“, а сега се поранешни (ФОТО)
Нивните врски не ја преживеаја 2022 година...
За некои оваа година беше среќна, бидејќи ја пронајдоа својата љубов, со која уште се во врска, а за некои не беше толку среќна. Иако ја има пронајдено љубовта, брзо ја изгубија. Овие парови изгледаа одлично, а сега е јасно дека реалноста не била толку одлична.
Разделбите на познатите знаат да бидат многу драматични, а некои толку тивки што со месеци не можеме да сфатиме дека ставиле крај на љубовта. И додека Били Ајлиш и Џеј Ло уживаа во своите љубовни врски оваа година, некои други познати девојки и момци немаат толку среќа и за нив оваа година беше вистински љубовен бродолом. Нивните врски не успеаја да ја преживеат 2022 година, иако изгледаа дека се #couplegoals.
Овие разделби беа апсолутно неочекувани:
# Хари Стајлс и Оливија Вајлд
Најсвежа разделба! Пред неколку дена се дозна дека оваа двојка раскинала. Поточно, дека одлучиле да си земат пауза. Некои можеби веќе и се сомневаа дека не се заедно, бидејќи на промоцијата на филмот „Don't Worry Darling“ се однесуваа прилично дистанцирано. Мислевме дека тоа е така поради тоа што се обидуваат да изгледаат професионално, но можно е тоа да бил почетокот на разделбата. Разделбата (паузата) се случила бидејќи Хари многу патува поради своите работни ангажмани, а Оливија сака да биде на едно место.
# Кендал Џенер и Девин Букер
Од сите Кардашијан сестри, најмалку проблематична кога се во прашање врските и љубовта е Кендал. Долго не се знаеше дека е во врска. Сепак, Девин беше откриен и на сите им беше јасно дека се заедно, иако не си изјавуваа љубов секојдневно на социјалните мрежи. Беа толку непроблематичен пар - сѐ до ова лето. Тогаш се случи првата разделба, а иако неодамна се смирија, сега повторно е потврдено дека не се заедно. Изгледа дека колку и да се труделе, не им одело.
# Ноа Бек и Дикси Д'Амелио
Уште едне потполно непроблематичен пар. ТикТокот е полн со драми, но околу нив двајца никогаш немаше ни „д“ од драма. Својата врска ја држеа колку што можат потајно, што ретко која позната двојка го прави тоа. Беа заедно неколку години, а наводно по разделбата останале пријатели.
# Шакира и Жерар Пике
Пејачката и фудбалерот изгледаа како вистинска двојка од која може да се земе пример. Додека не дознавме дека Пике сака да шара наоколу и да ја изневерува Шакира. Не знаеме како точно на некој би му паднало на ум да ја изневери Шакира, но изгледа дека тој мислел дека нема да биде уловен. Нивната разделба беше посебно драматична и тажна.
# Лиам Пејн и Маја Хенри
Лиам испадна вистински кретен. Во тоа ќе се сложат и оние кои го сакаат. Никогаш не би очекувале дека тој ќе ја врати својата девојка, но сепак се случи. Ова е уште врска која оваа година заврши поради неверство. Иако беа верени и 4 години заедно, Лиам неколку месеци даваше изјави и зборуваше дека е среќен со неа, сепак набрзо дојде крајот.
# Лаим Хемсврот и Габриела Брукс
Откако го откачи Мајли, изгледаше дека срќеата повторно се насочи во корист на Лиам и дека пронајде љубов. Тој и моделот Габриела Брукс беа заедно скоро 3 години, а папараците ги уловуваа во слатките моменти. Изгледаа како идеален пар, но потоа се случи пандемијата, поради која како што за „InTouch“ кажа изворот, Лиам одлучил дека не сака да биде врзан.
# Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон
Изгледаше дека Ким одлучила да чекори по малку поинаков пат, кога е во прашање љубовта и се надевавме дека конечно ќе го најде својот среќен крај по многуте љубовни бродоломи, но ниту Пит не беше оној вистинскиот. Беа слатка и необична двојка. Сепак, врската не потраја, а Ким сега одмара од романтичните односи.
фото: Принтскрин / Инстаграм