Разводот на годината стана сурова војна: Таа тврди дека од медиумите дознала дека е оставена, тој не и ги дава децата...Тотален хаос
Американскиот пејач Џо Џонас (34) на 1 септември на суд во Флорида поднесе барање за развод од англиската актерка Софи Тарнер (27), а за тоа тврди дека медиумите ја информирале дури четири дена подоцна. А сега во јавноста протече и судски документ според кој наскоро бившите сопружници се „должни да посетуваат четиричасовен курс за родителство“. Имено, Џо и Софи се родители на две малолетни девојчиња, а нивниот развод по се изгледа ќе биде сè само не лесен.
-Двете страни во бракоразводната постапка со малолетни деца мора да завршат курс за родителство и стабилизација на семејството, пред судот да донесе правосилна пресуда – се наведува во документот што го објави The Mirror. Ако некој од родителите не ги следи овие упатства, судијата може да „изрече санкции“ по негова или нејзина дискреција.
Познато е дека актерката во меѓувреме сакала да ги однесе децата во Англија, но Џонас тврди дека тоа во моментов е нелегално и не е во согласност со законите на Флорида.
- Софи бараше Џо да и ги предаде нивните пасоши за да може веднаш да ги изнесе децата надвор од земјата. Ако го прифати, ќе ја прекрши наредбата на судот на Флорида – објасни претставникот на пејачката.
Исклучок од правилото за преместување може да се направи само доколку постои „договор потпишан од двете страни“. Во барањето доставено до судот во Њујорк, Софи тврди дека меѓу неа и Џо имало заеднички договор за преселување на нивното семејство во Англија. Таа изјавила и дека сите до неодамна живееле таму.
Џо, со согласност на Софи, ги носи децата на турнеја со својот бенд Jonas Brothers во последните неколку месеци.
Актерката се уште инсистира дека „Англија е вообичаената резиденција на нивните две деца“. Да потсетиме, семејството го ставило на продажба својот дом во Мајами, што, според актерката, било очигледен чекор кон трајно преселување на семејството во Англија.
Фото:youtube/screenshtot