Реакција на мајката на Џастин Бибер за новата тетоважа на вратот: Јавно го прекори
Поп пејачот и сопругот на моделот Хајли Бибер, Џастин Бибер, има голема и интересна колекција на тетоважи. Зарем не?! Но, пејачот не сопира, кога е тетовирањето во прашање. Во една од своите најнови објави на Инстаграм, сподели фотографија како тетовира праска на вратот. Додека во поголемиот број коментари има само пофални зборови за Џасин, еден коментар се истакна и тоа оној од неговата мајка кои не беше воодушевена.
Џастин во саботата сподели фотографија на Инстаграм на која тетовира праска на вратот.Оваа најнова тетоважа изгледа дека е посветена на неговиот хит сингл „Peaches“ од неговиот последен албум „Justise“. Под фотографијата стави емотикон од праска и молив и го означи својот „тату“ мајстор DrWoo. Иако поголемиот број коментари се позитивни, неговата мајка не му честиташе. „Зарем веќе немаш доволно?“ - напиша таа во коментар заедно со изморен емотикон.
За време на интервјуто за „Sirius XM Hits 1“, пејачот на светскиот хит „Lonely“ откри дека ќе направи уште една уметност на телото, како мала праска некаде на неговото тело. „Ветив дека нема да ги тетовирам рацете. Има нешто во тоа што сакам да носам косум, а да немам тетоважи на рацете, не знам“ - додаде Бибер.