Реално таа можеби пее подобро од мене: На настапот во Штип, Беквалац ѝ поласка на Антониа Гиговска (ВИДЕО)
Изминатиот викенд српската пејачка Наташа Беквалац имаше настап во Штип. Дискотеката беше претесна да ги собере сите нејзини обожаватели, а вечерта стана уште поинтересна кога пејачката на сцена ја повика нашата млада музичка ѕвезда Антониа Гиговска.
„Јас сфатив дека реално таа можеби пее подобро од мене. Таа вечерва е тука со нас, јас би сакала да ја поздравите со еден голем аплауз“ - вака Беквалац ја најави Антониа, која го отпеа еден од најголемите хитови на пејачката, „Добро моје“.
Сето ова на својот Инстаграм профил го сподели српската пејачка со следнито опис:
„Синоќа беше нереално! Благодарам Штип. Неа ја запознав во „Ѕвездичките на Пинк“, навивав за неа, нејзината убавина и талент. Израсна во изведувач од кој има многу да се научи и синоќа беше моја гостинка. Напред девојко“.
Ниту Антониа не ги штедеше комплиментите и убавите зборови, па во коментар ѝ порача на Беквалац:
„А, јас сум најсреќна што запознав жена како што си ти. Те сакам“.
фото: Принтскрин / Инстаграм