Рецепт за чоколадна торта, само од ТРИ состојки!
Чоколадните торти секогаш се покомплицирани за правење, но не е случај и со овој рецепт. Во продолжение го имате рецептот за чоколадната торта, кој содржи само 3 состојки (односно 4, не вклучувајќи го прашокот за пецивото).
# 6 поголеми јајца;
# 6 лажици несолен путер;
# 350 грама крем;
# малку прашок за пециво.
Во еден сад измиксирај ги белките за да добиеш цврт шлаг, а во друг жолчките со путерот, прашокот за пециво и кремот. Додај ги белките во смесата со жолчките, путерот и кремот и полека мешај со лажица.
Готовата смена стави ја во тавче за печење на кое има хартија за да се залепи. Печи на на 180 степени 40 минути. Од време на време погледнувај како напредува тортата. Кога малку ќе се олади, послужи ја со свежо овошје, шлаг, шеќер во прав или пак топка сладолед.