Рече се повлекува од социјалните мрежи, па ги шокираше сите: Војаж сподели фотка од кревет до 5 девојки
Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж пред повеќе од два месеци ги растажи обожавателите поради разделбата со Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, а сега порача дека ќе се повлече од интернет сцената. Пред еден месец
на социјалните мрежи се појавија и гласини за можно помирување меѓу Војаж и Брескавица,
но музичката тинејџерска sвезда Михајло Веруовиќ на фотографијата на Инстаграм
го истакна спротивното.
Музичките тинејџерски sвезди Анџела Игњатовиќ и Михајло Веруовиќ, попознати во јавноста како Војаж и Бресквица, ја стекнаа популарноста во 2019 година со првата заедничка песна „Врати ме“. После тоа, тие имаа уште неколку големи успеси, а соработуваа и со познати турбо фолк и трап фолк sвезди во Србија, вклучувајќи ги Вук Моб и Тања Савиќ. Тие брзо се здобија со голема слава и со тоа станаа најпопуларниот млад пар во српската музичка индустрија, на кој многу тинејџери им се восхитуваа.
Многу млади фанови беа шокирани и тажни од веста за нивната разделба пред крајот на 2020 година.
На почетокот на оваа година, започнаа да кружат приказни за тоа како нивното раскинување беше само маркетиншки трик. Приказните главно беа поттикнати од тишината на парот кој никогаш не даде причина за разделбата.
Фановите полудеа откако извор близок на Војаж и Бресквица за Курир изјави дека парот сè уште живее на иста адреса.
- Се почесто, фановите ги гледаат како заедно влегуваат во зградата. Се слуша како пеат од нивниот стан. Тие живеат на иста адреса и поголемиот дел од своето време го поминуваат заедно. Нивниот стан е на првиот кат, така што сè може да се слушне. Се чини дека ги решија сите проблеми - изјави извор за Курир.
- Фановите се воодушевени, но колку повеќе време поминува, толку е појасно дека сè било маркетиншки трик. Тие цело време живееја на иста адреса и благодарение на приказната за разделбата, тие се здобија со голема популарност. И секако, новата песна стана вистински хит - додаде изворот.
Вистина е дека нивната популарност се зголеми по разделбата бидејќи нивната млада публика се повеќе се интересираше за нивната љубовна ситуација и создавање теории за нивното раскинување и причините што доведоа до тоа.
Сепак, во саботата Војаж ги шокираше сите свои обожаватели кога на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е во голем кревет опкружен со пет јавно непознати жени.
Фотографијата собра над 53.000 лајкови и над 1.000 коментари за помалку од еден ден.
- Секој ден ќе и давам комплименти на мојата дама и ќе и кажувам дека е убава - напиша тој во описот.
Многу следбеници го поддржаа, но имаше и неколку негативни коментари од обожавателите кои сметаа дека Војаж е виновен за славното раскинување.
- Кога таа вели дека е со пријателките, но ти си со нејзините пријателки ... - е коментарот на кој Војаж одговори и рече дека обожавателот навистина го насмеал со коментарот.
Имаше и многу коментари кои директно ја повикуваа Бресквица.
- Бресквица на апарати - беше напишано во едно.
Анџела не го коментираше овој пост и коментарите кои ја повикуваа, туку само објави на стори на Инстаграм кое не го поврза со Војаж.
Откако виде дека објавата добива масовна популарност и бројни коментари, Војаж делумно ја смири својата публика откако објави Инстаграм приказна која покажува како е направена фотографијата на снимањето на неговото ново видео.
- Big Thinks – напишатој.
Фото: Инстаграм