Редовно одиш на маникир? Сепак внимавај, еден доктор објасни зошто тоа може да биде опасно (ФОТО)
Можни се бројни последици, меѓу кои се вбројува и ракот на кожа...
Повеќето девојки сакаат да бидат дотерани, а особено им е важно да имаат убави и негувани нокти. Затоа, одењето во салон за маникир вчекува во еден од малите ритуали кои секогаш ја враќаат насмевката на лицата.
Бидејќи многу девојки редовно одат на маникир, тоа значи дека ги изложуваат ноктите и рацете на УВ ламби. Знаеме дека УВА и УВБ зраците може да предизвикаат рак на кожата.
Еден доктор ги праша своите следбеници на Инстаграм дали често одат на маникир и дали користат УВ ламби. Тој ги предупреди дека прекумерната изложеност може да доведе до појава на дамки на рацете, нивно предвремено стареење, а во најлош случај рак на кожата.
„Лед ламбите за разлика од УВ ламбите испуштаат помалку УВ зраци и имаат помали шанси за проблем. Но, проблемот е што најчесто се купуваат кинески и лажни ламби кои не ни знаеме колку УВ зраци испуштаат. Наш совет е задолжително користење на крема со СПФ фактор, без разлика дали станува збор за лед ламба или УВ ламба“ - напиша доктор Драган Стојичевиќ во својата објава на Инстаграм.
Еден таков пример е случајот со мисицата Каролина Јаско од Чикаго, која редовно посетувала салон за нокти до 2016 година. Докторот веднаш ја испратил на биопсија, по што ѝ бил дијагностициран меланом на ноктот, кој е еден вид од ракот на кожата.
Поради навремена реакција, животот на Каролина е спасен. Иако мислеле дека ќе мораат да ѝ го ампутираат целиот палец, докторите ѝ го извадиле само ноктот.
Така, со оглед на тоа дека маникирот е нешто што може да биде како солариум за раце, нанесете крема со СПФ фактор и посетувајте само доверливи салони и одете кај доверливи козметичарки.
фото: Принтскрин / Инстаграм