Реџе-Жан Пејџ откри како изгледало снимањето на интимните сцени во серијата „Bridgerton“: Досега никој не го знаел ова (ВИДЕО)

Реџе-Жан Пејџ откри како изгледало снимањето на интимните сцени во серијата „Bridgerton“: Досега никој не го знаел ова (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Омилениот војвода Сајмон Басет откри како изгледало сѐ...

Реџе-Жан Пејџ гостуваше во емисијата „The Late Show with Stephen Colbert“, за, помеѓу останатото, да го промовира својот нов филм.

Но, бидејќи поголемиот дел од публиката го забележа во серијата „Bridgerton“, водителот не можеше да се воздржи, а да не му постави некои прашања кои се поврзани со снимањето на интимните сцени во серијата.

Имено, Реџе и Фиби Диневор станаа меѓународни ѕвезди по појавувањето во првата сезона на серијата во 2020 година, кога ги толкуваа улогите на Сајмон Басет и Дафне Бриџертон.

Реџе со публиката и водителот сподели некои смешни детали кои се случувале зад камерите за време на снимањето на првата сезона. Како што кажа Реџе, тој и неговата колешка цело време во текот на снимањето на серија имале ужасен здив.

„Тоа е она што никој не го знае за „Bridgerton“. Фиби и јас цело време имавме ужасен здив од кафе“ - објасни актерот.

Бидејќи и двајцата ја делевме љубовта кон кафето, секогаш за време на паузите, уживавме да пиеме од омилениот напиток.

„Имавме свое сигурно место за каде во текот на снимањето на целата серија“ - откри Реџе, додавајќи дека не им пречел тој здив, бидејќи и двајцата се љубители на кафето.

Актерот откри какви се непишаните правила во светот на актерството, а кои се однесуваат на снимањата на интимните сцени, па кажа дека луѓето секогаш се договараат: на пример - дека нема да јадат лук или кромид, дека нема да пијат кафе и слично.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: