Рекордна година за апликациите: ТикТок главен, Google Play Store го надмина Apple за 150%
Вкупниот сообраќај на мобилни апликации во двете најголеми платформи за нивна дистрибуција, App Store и Google Play Store, се зголеми за 25% во текот на 2020 година.
Ова значи дека корисниците потрошиле дури 112 милијарди долари или 92 милијарди евра за апликации оваа година.
Според последниот извештај на аналитичката компанија App Annie, платформата на Apple постигна учество од околу 65% во потрошувачката, но Google Play Store го надмина iOS за дури 150% во однос на преземањето апликации. Двете продавници за апликации забележаа пораст од 10% на преземања во споредба со минатата година.
Кога станува збор за апликациите, ТикТок излезе на врвот според бројот на преземања во текот на оваа година, што се зголеми за три места во споредба со 2019 година.
Така, популарната кинеска апликација ги надмина Фејсбук и WhatsApp. Сепак, во однос на бројот на активни корисници на месечно ниво, Фејсбук, WhatsApp Messenger, Фејсбук Messenger, Инстаграм, Твитер и Нетфликс се пред ТикТок, кој напредуваше за дури пет места, но сè уште не го достигна самиот врв.
Кога станува збор за игри за мобилни платформи, бројот на преземања оваа година е предводен од титулата „battle royale“, наслов „Free Fire“. Следат „Subway Surfers, „Among US!“ и „PUBG Mobile“.
Активните играчи главно, на месечно ниво, ја играат „PUBG Mobile“, игра што ја надмина сагата „Candy Crush Saga“, додека „ROBLOX“ е на третото место. Следува „COD Mobile“, кој се искачи за дури 13 места во споредба со 2019 година, а минатиот месец ја надмина бројката од една милијарда часа поминати играјќи на Андроид.