Рекордна казна за Инстаграм: Поради злоупотреба на детски податоци ќе мора да платат 405 милиони евра
Оваа е најголемата казна...
Ирскиот регулатор за заштита на приватноста на податоците (DPC) денес соопшти дека одредил рекордна казна за Инстаграм од 405 милиони евра, за тоа како ги обработувал детските податоци.
Истрагата, која е отворена во 2020 година, се фокусирала на децата на возраст од 13 до 17 години, кои можеле да имаат деловни профили на Инстаграм, што овозможувало објава на бројот на телефон и/или е-маил адресата на корисникот, пренесува „Ројтерс“.
„Минатиот петок донесовме конечна одлука и таа содржи казна од 405 милиони евра“ - кажа потпаротлот на DPC, главниот регулатор на матичната компанија на Инстаграм, Meta Platforms Inc.
Деталите од одлуката ќе бидат објавени следната недела, наведува „Ројтерс“, додавајќи дека канцеларијата за соработка со медиумите на Мета не одговорила на барањето за коментар.
DPC ги рекулира Фејсбук, Apple, Google и другите технолошки гиганти, имајќи предвид дека нивните европски седишта се во Ирска, и отвори десетина истраги за компаниите на Мета, вклучивајќи ги Фејсбук и WhatsApp, додаде „Ројтерс“.
Британската агенција потсетува дека WhatsApp минатата година бил казнет со рекорди 225 милиони евра, бидејќи не ги почитувал европските правила за лични податоци.
фото: unsplash.com