Реши ја загатката: 2 девојки имаат црни очи и ја говорат вистината, 3 имаат сини очи и секогаш лажат
Многу одамна момче ја побарало раката на ќерката на царот, но пред да му дадат согласност, царот му поставил една загатка. Доколку ја реши ќе може да се ожени со девојката, но доколку не успее да ја реши никогаш нема да смее да ја види - царот сакал да биде сигурен дека идниот сопруг на неговата ќерка е многу паметен. Денес ќерките не бараат од цар, крал и слично, но загатката која ја поставил тогашниот цар функционира и денес. Со малку мозгање, веруваме дека ќе дојдеш до решение.
Ова е загатката на царот
Во просторијата донел 5 девојки, покриени со вел. Две од нив имаат црни очи и секогаш ја кажуваат вистината. Останатите три имаат сини очи и секогаш лажат. Поради веловите момчето не можело да ја види бојата на очите, а задачата која ја добие е да открие каква боја на очи има секоја од нив и тоа со помош на поставување на прашање. Притоа имал право да постави само по едно прашање и тоа само на три девојки.
Дали тие три прашања се доволни? Како ќе знае која му кажува вистина, а која лага? Како ќе ја открие бојата на очите на сите пет девојки? По кратко размислување, тој се решил да ја праша првата девојка: „Каква боја се твоите очи“, а девојката одговорила на некој непознат јазик и од неа ништо не дознал. Сето ова уште повеќе му ја отежнало работата, но тој не се вознемирил.
Сега си ти на ред! Напрегни ги твоите мозочни келии и кажи што треба да ја праша втората и третата девојка за да открие каква боја на очи има секоја од 5 девојки. Времето нема да ти се мери, размислувај колку што сакаш за да дојдеш до решението. Размисли добро пред да одиш подоле, а решението те очекува под фотографијата.
Решение на загатката на царот
Следната девојка момчето ја прашал: „Што ми одговори твојата пријателка?“, а таа му одговорила: „Ти рече дека има сини очи“.
Што открива? Има две можности, зависно од тоа дали лаже втората девојка. За конечно да дознаеме, треба да се постави прашање и на третата. Што ќе ја праша момчето?
На третата девојка морал едноставно да ја праша: „Каква боја им се очите на првите две девојки?“. Таа му одговорила: „Првата девојка има црни очи, а втората сини“. Сега се му било јасно. Му го кажал на царот своето решение: „Првата девојка има црни очи. Втората сини. Третата црни што значи дека последните две имаат сини очи“.
Објаснување
Кога ја прашал првата девојка за бојата на очите единствен можен одоговор бил дека има црни очи (доколку црнооката девојка ја кажува вистината и очите и се црни, доколку е синоока тогаш лаже и исто ќе каже дека и се „црни“). Кога не го разбрал нејзиниот одговор, тоа уште повеќе му помогнало. Ја прашал втората девојка што одговорила првата? Нејзиниот одговор е „дека има сини очи“ и веднаш открил дека втората девојка е синоока лажливка.
На следното прашање „какви им се боите на првите две девојки?“ добил одговор дека на првата и се црни, а на втората сини и тоа решило се. Бидејќи веќе знаел дека втората е синоока, третата девојка очигледно ја кажува вистината па таа и првата девојка се црнооки. Значи последните две се синооки.