Решил да преспие, а кога се разбудил бил слеп на едно око: Тогаш почнал неговиот пекол и борба за вид, а сѐ заради еден погрешен чекор

Решил да преспие, а кога се разбудил бил слеп на едно око: Тогаш почнал неговиот пекол и борба за вид, а сѐ заради еден погрешен чекор

Објавена во: Живот // Живот

Мајкл Крумхолц (21), студент по спортски менаџмент од Лејк Ворт, место близу Мајами, спиел 40 минути носејќи ја својата контактна леќа.

Кога се разбудил, левото око му било крваво црвено, а видот заматен. Меѓутоа, го игнорирал тоа, ги извадил леќите и ги продолжил своите дневни активности. Во следните денови полека почнал да го губи видот и чувствувал страшни болки.

@mikekrumholz13 Replying to @markx447 #contacts original sound - Mikekrum13

Мајкл кажал дека тој ден набрзина ги ставил леќите, дека пред тоа ја средувал градината и дека не ги измил рацете. И токму поради тоа му се случила оваа несреќа.

По еден месец неизвесност, докторите конечно му дијагностицирале бактериска инфекција која го нагризува месото, позната како акантамеба кератитис, која може да предизвика трајно или значајно губење на видот. Тој сега не гледа на левото око и раегира само на црни и сиви нијанси.

Докторите велат дека може да врати само 10 проценти од видот, по трансплантација на рожницата.

@mikekrumholz13 Replying to @lneffpappas  Tags #reposting   #comedy #tiktokers #dance #model #funnymemes #dankmemes #fyp  #funnyvideos #miami #florida #eyes #spongebob #contactlenses #bts Funny Laugh no no no - Sound Effect

Инфекцијата го натерала да ги напушти работата и хобито, вклучувајќи го и дружењето со пријателите, бејзболот и вежбањето во теретана, како и факултетот.

Исто така развил и фотосензитивност, што значи дека изложувањето на директна сончева светлина е болно за него. Сега поголемиот дел од времето го поминува во затворена просторија со повлечени завеси и очила за сонце.

Бактериите кои предизвикуваат инфекции обично се безопасни, и ваквите случаи се многу ретки.

Тој сега прави видеа на ТикТок и ги предупредува луѓето за штетноста на спиењето со леќи, бидејќи не сака на никој повторно да не му се случи истото што и на него.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: