Решиле со ласер да му го отстранат белегот од раѓање: Мајката сега се соочува со жестоки критики (ВИДЕО)
Мајка од Австралија откри дека суровите хејтери ја нарекувале „чудовиште“ затоа што избрала да го отстрани белегот од раѓање од лицето на нејзиното бебе со ласер, но тврди дека тоа го направила за да му помогне на своето дете.
Мајката Брук Аткинс (33) од Голд Коуст, го родила своето второ дете, машкото бебе по име Кингсли пред шест месеци.
Но, набргу откако се породила, Брук и нејзиниот партнер Кевен Валас (27) кај бебето забележале голем црвен белег која му го покривал половина од лицето.
Овие белези се обично безопасни, но ако се на лицето - особено над окото - може да се поврзат со глауком и Стурџ Вебер синдромот.
Ова може да предизвика напади и други попречености додека глауком може да предизвика слепило.
На Кингсли му биле дијагностицирани и двете.
„Работата со белезите е што тие се прогресивни, што значи дека ќе се променат и потемнуваат со текот на времето“ - рече Брук, која исто така е мајка на Амарни (2).
Таа решила да користи ласерски третман на белегот на Кингсли.
„Целта на ласерските третмани не е да се „отстранат“ белезите од раѓање, туку да се одржи кожата здрава, за да се спречи понатамошно оштетување на областа.“ - посочи оваа мајка.
Семејството моментално минува низ лекувањето со Кингсли и секојдневно се воодушевува со него.
Но, овој избор е жестоко искритикува од хејтерите на ТикТок, за кои Брук вели дека ја нарекувале „чудовиште“ откако споделила објава за тоа.
фото: Принтскрин / Инстаграм